Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура предложил условен отпуст за затвореникот, поранешен шеф на УБК Сашо Мијалков, а Кривичниот суд во Скопје го прифатил ваквиот предлог.
Според решението кое го донел судот Мијалков би требало да оди на условен отпуст една недела пред крајот на годинава, па се до април следната година.
„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа. Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, се вели во соопштението од Кривичниот суд – Скопје.