Судијата Наќе Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во затворот во Шутка пред да му го продолжуваат притворот

Врховниот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во затворот во скопска Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање.

Директорот на затворот „Скопје“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ на тв Алфа вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници.

Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа.

„Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот. Како препорака од него е идните колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава туку така – откри Утковски.