Денеска од 8 до 15 часот се гласа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет.
Право на глас имаат 236 судии.
Од нив 16 ќе гласаат во изборната единица во Врховниот суд, а 220 судии на 12 избирачки места од апелационото подрачје на Скопје и управните судови.
Ќе се бира еден член од Врховен, каде единствен кандидат е Наќе Георгиев, додака на листата за членови од скопското апелационо подрачје има двајца кандидати: Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев – судија од Основниот суд во Кавадарци.
Нови членови во Судскиот совет се бираат бидејќи претходно беа испразнети две места поради оставките на врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои во своето образложение рекоа дека воопшто не се согласуваат со работењето на ова тело.
Изминатиот период Судскиот совет го тресат низа скандали кои почнаа со разрешувањето на екс претседателката Весна Дамева.
По скандалите, повеќе меѓународни фактори ги замрзнаа проектите во Судскиот совет, холандскиот амбасадор ги нарече нелегитимно тело, а невладините бараат колективна оставка.