
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски, негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел Цитроенот на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа. – Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.
Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.
Палевски, негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел Цитроенот на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.
– Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски.
Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати. Во својата одбрана, Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видео-снимките што ги презентираше обвинителството.
Адвокатот Јовица Страшевски, неговиот бранител, исто така во изјава за медиуми, истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.
-Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.
Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.