Раководителот на истражувачката лабораторија здравствениот истражувачки институт во Јужна Африка објави дека варијантата Омикрон на коронавирусот може делумно да ја избегне заштитата од две дози на Pfizer и BioNTech.
Како што пренесува „Ројтерс“, студијата покажува дека крвта од луѓе кои примиле две дози од вакцината и имале претходна инфекција, главно можеле да ја неутрализираат варијантата, што сугерира дека засилувачките дози на вакцината би можеле да помогнат да се спречи инфекцијата.
Професорот на Институтот за здравствени истражувања во Африка, Алекс Сигал на социјалните мрежи напиша дека има „многу голем пад“ во неутрализацијата на варијантата Омикрон во однос на претходниот вид на КОВИД-19.
Лабораторијата тестирала крв од 12 луѓе кои биле вакцинирани со две дози од вакцината Pfizer/BioNTech. Крвта од 5 од 6 лица кои биле вакцинирани, како и претходно заразени со СОВИД-19 сè уште ја неутрализирала варијантата Омикрон – се наведува во постот.
„Овие резултати се подобри отколку што очекував. Колку повеќе антитела имате, толку повеќе шанси ќе бидете заштитени од Омикрон“, напиша Сигал.
Тој рече дека лабораторијата не ја тестирале варијантата на крв од луѓе кои примиле бустер доза, бидејќи такви сè уште нема во Јужна Африка.
Првичните податоци не покажуваат дека вакцината е помалку способна да спречи тешка болест или смрт, а лабораториските тестови се во тек.
Варијантата Омикрон првпат беше откриена во јужна Африка минатиот месец и алармираше на глобално ниво за нов пораст на инфекции.