Студентката Хана Подјед од Словенија добитник на стипендијата „Ацо Шопов“ за 2025 година

Хана Подјед, студентка на Универзитетот во Љубљана, е добитник на стипендијата „Ацо Шопов“ за 2025 година која вторпат ја доделува Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Хана Подјед, студентка на Универзитетот во Љубљана, е добитник на стипендијата „Ацо Шопов“ за 2025 година која вторпат ја доделува Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Таа е едногласно избрана од жирито, во состав: д-р Маја Бојаџиевска и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорки на УКИМ,  д-р Ивица Баковиќ, доцент на Универзитетот во Загреб, и Јасмина Шоповa, потпретседател на Фондацијата која, како што информира, стипендира истражувања во областа на хуманистиката „кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов“.

Централната тема на магистерскиот труд на Хана Подјед се македонско-словенечките врски во поезијата од средината на дваесеттиот век.

-Магистерското истражување на Хана Подјед има цел да го осветли интимизмот и причините за неговата појава во словенечката и македонската поезија, и да предложи пристапи за подлабока книжевна анализа на интимизмот како насока. Во фокус се Ацо Шопов и Иван Минати, како канонски автори кои силно ја одбележале македонската и словенечката книжевност. Претставувањето на нивните меѓусебни контакти и поетики ќе ја осветли, меѓу другото, и големината на двајцата автори, како и нивното значење за пријателството меѓу двете книжевности, односно меѓу двата народа, соопшти Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.Ае состои во тоа што поетиката на двајцата еминетнти автори ја разгледува низ фазите на објавување на нивните поетски збирки, и тоа на компаративен начин, со детална анализа на избраните песни. Посебен придонес во овој амбициозен труд е осветлување на кореспонденцијата меѓу поетите Ацо Шопов и Иван Минати“.

Хана Подјед изјавила дека во трудот ја истражува поетиката на Ацо Шопов, „со желба таа да биде подобро претставена и во словенечкиот академски и книжевен простор“.

-Воедно, преку магистерската работа се стремам кон поголемо разбирање на силното пријателство и блискост меѓу словенечката и македонската книжевна сцена. Настојувам да ги разберам комплексните околности во кои се создаваше оваа величествена, монументална поезија што инспирираше многу нови генерации, истакнува Подјед

Од Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ посочуваат дека Хана Подјед се истакнува и како талентирана преведувачка на книжевни текстови од македонски на словенечки јазик. Неколку нејзини преводи се вклучени во антологијата на младата македонска поезија  „Ново раѓање на зборот“, насловена според антологиската песна на Шопов „Раѓање на зборот“.

-Антологијата беше објавена на македонски во 2023 година, а двојазично (словенечки – македонски) во 2024 година. Хана Подјед учествувала на летните и зимски школи по македонски јазик, книжевност и култура, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, како и на Меѓународниот семинар за српски јазик и култура во Белград, била студентка-асистентка за македонско-словенечки речник, „Терманија“, стажирала како преведувачка во Европската комисија во Луксембург (Blue Book Trainee) и била на студиски престој во Скопје, информира Фондацијата.

Првите добитници на стипенцијата „Ацо Шопов“, во 2024 година, беа Иван Антоновски (трет циклус студии) и Саранда Мехмеди (втор циклус студии) студенти на УКИМ.