Студенти од Србија се во потесен избор за наградата Сахаров

Одлуката ќе биде објавена во Стразбур за време на пленарната седница на 23 октомври.

Студенти од Србија се номинирани за наградата Сахаров, што ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Тие се во конкуренција со притворените новинари Адржеј Покабута од Белорусија и Мзија Амајлобели од Грузија, како и новинари и хуманитарни работници од Палестина и конфликтни зони, соопшти денеска Европскиот парламент.

Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и лидерите на политичките групи, треба да го изберат лауреатот од потесниот список како следен чекор.

Одлуката ќе биде објавена во Стразбур за време на пленарната седница на 23 октомври.

Наградата Сахаров, што вклучува паричен износ од 50.000 евра, ќе биде доделена на 16 декември во Стразбур.