Студентите утре на протест: Бараат нови и ефикасни транспортни решенија

УСС-УКИМ ги повика студентите утре на протест поради незадоволството од квалитетот на јавниот превоз во Скопје. Протестот ќе започне утре во 14 часот пред Стара Пошта, па ќе продолжи пред Град Скопје.

УСС-УКИМ ги повика студентите утре на протест поради незадоволството од квалитетот на јавниот превоз во Скопје.

Протестот ќе започне утре во 14 часот пред Стара Пошта, па ќе продолжи пред Град Скопје.

„По испратениот УЛТИМАТУМ и спроведената анкета на која одговорија 3568 студенти, 85% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,6% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард,

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните:
•Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;
•Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;
•Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)
•Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;
•Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;

Скопје и студентите заслужуваат функционален превоз, а не хаос!“ порачаа студентите.