
Студентите од Нови Сад се одлучија: Одиме на избори!
Студентскиот пленум на Техничкиот факултет во Нови Сад денес гласаше дека студентите во блокадата бараат распишување вонредни парламентарни избори во Србија, објавија преку нивниот официјален профил на X.
Студентскиот пленум на Техничкиот факултет во Нови Сад денес гласаше дека студентите во блокадата бараат распишување вонредни парламентарни избори во Србија, објавија преку нивниот официјален профил на X.
Дискусиите, официјални и неофицијални, за понатамошната артикулација на протестите и патот кон исполнување на барањата на студентите се водат практично од почетокот на 2025 година, а особено се интензивираа по 15 март и најголемиот митинг во историјата на Србија, на кој самите студенти ги поканија граѓаните, објавува Nova.rs.
Во пресрет на студентскиот митинг во Крагуевац, студентите од Ниш поднесоа предлог за формирање преодна влада која би била составена од непартиски членови и со ограничен мандат, по што би следувале избори (на кои министрите од преодната влада нема да учествуваат).
Таквиот предлог беше поддржан од мнозинството студенти во блокада. Сепак, со формирањето на нова, „реконструирана“ Влада предводена од новиот премиер Ѓуро Мацута, кој го наследи Милош Вучевиќ, таа идеја наскоро падна во втор план, а барањето за распишување вонредни парламентарни избори стана уште посилно.