Студентите на велосипеди од Нови Сад пристигнаа во Штутгарт, пречекани со црвен тепих и извици „Пумпај“

Студентите кои од Србија патуваа со велосипеди пристигнаа во Штутгарт во неделата, каде беа пречекани од голем број луѓе кои се собраа на Мариенплац.

Студентите кои од Србија патуваа со велосипеди пристигнаа во Штутгарт во неделата, каде беа пречекани од голем број луѓе кои се собраа на Мариенплац.

Пристигнувањето во овој град беше исклучително физички напорно поради многубројните угорнини, а граѓаните ги пречекаа со паролата „Пумпај, пумпај“ и црвен тепих.

Да потсетиме, ова е една од нивните постојки бидејќи решија од Нови Сад до Стразбур да заминат со велосипеди за да ги запознаат европските институции со ситуацијата во Србија.

Ја објавија и рутата по која од Нови Сад ќе се движат до францускиот град каде се наоѓа едно од двете седишта на Европскиот парламент, како и седиштето на Советот на Европа.

Како што наведоа студентите, нивната цел е да ги информираат странските институции кои имаат можност да дејствуваат на институциите во Србија за да направат притисок врз властите.

Друга цел е да се привлече медиумско внимание, што треба да резултира со создавање притисок.

Поминувањето низ поголемите европски градови е исто така една од целите на акцијата, како и воспоставување меѓународни студентски односи.