Студентите во понеделник излегуваат на протест

По понеделеник студентите излегуваат на улица. Револтот доаѓа поради неисплатените стипендии. Од пред Министерството за образование и наука, велат ќе побараат одговори од ресорниот министер, зошто и покрај ветувањата дека парите ќе ги добијат до 1 февруари, нивните сметки и натаму се празни.

„Според досегашното искуство и според следењето на целиот процес поврзан со поднесените апликации за стипендија, имаме легитимна причина да веруваме дека апликациите се уште се непроверени и очекуваме понатамошно одолговлекување на процесот“- велат од Студентски отпор.

„И покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 Февруари како краен рок сепак нашите трансакциски сметки останаа празни. Исто така веќе две години ги пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со супстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок“- порачуваат од Студентски отпор.

Од МОН, повторуваат, онаму каде што нема никаков проблем исплатата оди етапно, како пристигнуваат документите, истите се обработуваат и се врши исплата.

Сите кои доставиле целосна документација ќе ги добијат средствата.