
Студентите во блокада во Србија најавија за 28 јуни нов протест во Белград
Студентите во блокада во Србија најавија дека ќе организираат протест во Белград на 28 јуни, на празникот Видовден.
Студентите во блокада во Србија најавија дека ќе организираат протест во Белград на 28 јуни, на празникот Видовден.
„Метеж е во градот? Ќе има уште метеж. Сите во Белград на 28 јуни“, се вели во објавата на Инстаграм.
„Се ќе се види на Видовден. Се гледаме во Белград“.
Стиудентите во блокада засега не ги прецизираа деталите во врска со протестот.
Последниот голем студентски протест во Белград се одржа во Белград на 15 март, кога, според различни проценки, беа присутни стотици илјади граѓани.
По големите протести, студентите одлучија да променат тактика, организирајќи серија помали протестни собири во десетици градови низ земјата, како и блокирајќи институции.
На почетокот на мај, студентите во блокада поднесоа барање за распуштање на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори. Неодамна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека изборите ќе бидат распишани кон крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година.
Во меѓувреме, се повеќе факултети започнаа со некакви обиди за надоместување на наставата, а неодамна беше објавено дека е постигнат договор меѓу Универзитетот во Белград и Владата на Србија, што би подразбирало укинување на уредбата со која се намалуваат платите на професорите, како и укинување на работната група за усвојување на Законот за високо образование.
Во Белград во тек – од 9 јуни – е протестот на академската заедница собрана во неформалната група „Бунтовен универзитет“ пред Владата на Србија.
Улицата пред српскиот Парламент е блокирана од април каде поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) престојуваат во шатори.
Поради блокадите на овие раскрсници, во последно време во главниот град се создадени големи сообраќајни метежи, а градскиот превоз работи со тешкотии и со изменети рути.