
Стуб: Целта на Путин е Украина да престане да постои
Финскиот претседател Александер Стуб изјави дека шансите рускиот претседател Владимир Путин да прифати прекин на огнот во Украина се „минимални“.
Финскиот претседател Александер Стуб изјави дека шансите рускиот претседател Владимир Путин да прифати прекин на огнот во Украина се „минимални“.
– Путин не сака мир, изјави Стуб во интервју за Би-Би-Си.
Тој истакна дека првичната цел на рускиот лидер била Украина „да престане да постои“, додавајќи дека таа цел не е променета.
И покрај сигналите дека Киев е подготвен за прекин на огнот доколку на тоа се согласи и Русија, Москва останува на своите позиции и одбива итни мировни преговори. Британскиот премиер Киер Стармер го обвини Путин дека намерно го одложува крајот на војната.
Стуб смета дека меѓународната заедница треба да изврши дополнителен притисок врз Москва преку нови санкции, замрзнување на руски средства и засилено вооружување на Украина.
Финска, која има 1.340 километри граница со Русија, е членка на НАТО од 2023 година.