Стуб: Украина автоматски да стане членка на НАТО

- Зошто да не им се даде де факто членство во НАТО, што во суштина значи дека кога преговорите ќе бидат успешни и ќе се постигне мировен договор, во дел од тој договор да биде наведено дека ако Русија го прекрши, го прекрши прекинот на огнот или пак ја нападне Украина, таа автоматски да стане членка на НАТО, истакна Стуб.

Претседателот на Финска, Александер Стуб предложи Украина автоматски да стане членка на НАТО, ако Русија го прекрши евентуалното примирје.

Стуб во интервју за американската телевизија Си-ен-ен го повтори ставот на американскиот сенатор Линдзи Грем изнесен на маргините на Минхенската конференција за безбедност, што се одржа минатиот месец.

– Зошто да не им се даде де факто членство во НАТО, што во суштина значи дека кога преговорите ќе бидат успешни и ќе се постигне мировен договор, во дел од тој договор да биде наведено дека ако Русија го прекрши, го прекрши прекинот на огнот или пак ја нападне Украина, таа автоматски да стане членка на НАТО, истакна Стуб.