Струмичките пожарникари разочарани по одлуката да им се намали платата: Некој на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој и им ги вети зголемените плати остро реагира на одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите, оценувајќи ја како неправедна и штетна за оние кои секојдневно ризикуваат за да спасат животи.

Струмичките пожарникари се разочарани, бидејќи наместо плата од 80.000 денари, добиле драстично помали примања и преполовена плата.

И покрај разочараноста, сепак сметаат дека вреди заради спасените животи животите кои ги спасуваш.

„Не сакаме да обвиниме никого, но реално или нереално некој повторно на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство и секако со нашите чувства. Но и покрај се, им порачуваме дека посветено и одговорно продолжуваме понатаму“, велат струмичките пожарникари.