Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов доби 30 дена притвор

„Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. Една година како му се изречени тие мерки. Ги нема прекршено, плус има платено данок, а сега се изрекува притвор“, вели адвокатот на Крмзов, Ване Андреев.

На струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов Кривичниот суд му одреди мерка притво од 30 дена по барање на обвинтелството. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

„Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. Една година како му се изречени тие мерки. Ги нема прекршено, плус има платено данок, а сега се изрекува притвор“, вели адвокатот на Крмзов, Ване Андреев во изјава за „Скопје1“

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

Според истрагата, во 2019 година тројца организатори формирале мрежа во која биле вклучени управители, инспектори од УЈП и сметководители. Тие преку фирми под нивна директна или скриена контрола издавале лажни фактури и прикажувале фиктивен промет.

Со ваквото работење, пријавените стекнале противправна корист од над 94 милиони евра, на директна штета на државниот буџет.

МВР: Кривични против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра