Струмичанец падна од мопед – почина на лице место

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

МВР информира дека вчера попладне во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с. Банско, К.Д.(63) од с. Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.