
Македонскиот шампион Струга ТЛ ќе игра плејоф во Конференциската лига и покрај вечерашното пораз во Луксембург со 1-2 против Свифт Есперанж, па пресуди победата во првиот меч со 3-1 за со вкупни 4-2 оди во завршната летна пресметка за историски прв свој настап во групна фаза во третото по ранг натпреварување, за кое ќе се бори против исландски Брејдаблик.
Иако ужасно почна мечот и по само 15 минути од мечот стружани останаа со десетмина по директното исклучување на Марјан Радески, Бесар Ибраими три минути потоа даде гол со глава за македонскиот шампион да го направи главниот исчекор кон пласманот.
Можеа стружани во првиот дел и поубедливо да водат, зашто Ибраими и Бунјамин Шабани имаа два зицери кои не ги реализираа, а потоа во вториот дел голманот Ведран Ќосевски блескаше на голот, со низа клучни интервенции во првата половина од второто полувреме за да ги спречи луксембуржаните да дадат ран гол и да најават камбек
Немоќен беше во 70-та минута, кога Есперанж нападна со сите сили, а Густаво од 16 метри на одбиената топка ја смести во неговата мрежа, а потоа домаќините притискаа со сите сили, сѐ без ефект до четвртата минута од судиското надополнување кога дадоа втор гол, но тоа беше задоцнет финиш.