Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето.
Според информациите, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна.
Дел од родителите на учениците веќе поднеле кривична против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат.
По скандалот веднаш реагираа од Иницијативата за граѓанско будење „Разбуди се“.
„На патронатот на ОУ Браќа Миладиновци, незаконски поставената директорка најпрво го забранила интонирањето на химната ‘Денес над Македонија се раѓа’ со образложение дека ќе ги навредело чувствата на Албанците во училиштето, а потоа во излгањето направила историски вовед за образовната институција чии корени ги лоцирала во 1941 кога балистичката окупаторска власт присилно го наметнала изучувњето на албанскиот јазик за неалбанското население во градот. Ова е ДУИ во опозиција, од петни жили ќе се трудат да напрват етнички раздор и нетрпение. Доколку не го затворите Мерко и неговите инсталации допрва ќе гледаме тепачки во училиштата, палење на нелегалната депонија, верски провокации налик на оние со Вевчанскиот карневал и многу други лудости кои може да ги смисли само таков расипан ум!“, пишува во реакцијата на „Разбуди се“.