Во тв емисија во Србија – Милош Јевремовиќ, жандармот кој беше ранет со стрела при терористичкиот напад пред израелската амбасада опиша како се чувствувал на 29 јуни, кога се случи нападот.
„Тоа беше сосема нормален ден, до таа ситуација кога се се смени. Се сеќавам на се. Жујовиќ не ми беше сомнителен кога пријде првиот пат, затоа што се обидуваме да им помогнеме на луѓето и да одговориме на сите прашања. Вториот пат кога пријде – стана сомнителен. Потоа се случи нападот“ вели тој.
На прашањето што кажаа неговите колеги, Јевремовиќ рече: „Колегите ја анализираа ситуацијата, се обидов професионално да одговорам на задачата, сите беа задоволни од мојата реакција, добив само пофалби“.
„Ситуации низ кои поминуваме секој ден на тренинзите, кога ќе дојде до таква ситуација, што се однесува до стресот, навикнати сме на тоа, се трудиме да направиме се според законот и да ги следиме чекорите за кои сме обучени. Во таква ситуација, адреналинот започнува и вие се фокусирате на задачата, во овој случај да одбиете напад“ – рече тој.
На прашањето зошто не ја извадил стрелата од вратот, што повеќето луѓе би го направиле рефлексно, а која му го спасила животот, жандармот рекол:
„Почувствував дека можам да дишам и да реагирам… Беше како филм, се надевам дека никој нема да го доживее ова“.
Тој вели дека семејството за се дознало преку медиумите, бидејќи се се случувало брзо и биле под голем стрес.
Тој можеше да комуницира и можеше да стапи во контакт со семејството веднаш по операцијата.
Што се однесува до операцијата, тој вели дека операцијата поминала максимално добро благодарение на лекарите.
„Прво беше ризично стрелата да влезе во главната артерија, но за среќа кога ја отворија, видоа дека застанала на 2 милиметри од артеријата“, рече тој.
Вели дека не се чувствува како херој.
„Јас само си ја вршев работата. Херојството не е само во тие работи, херој е човек кој се бори за семејството. Одиме понатаму, туркаме…“, објасни жандармот.