Страшни детали од трагедијата во Нови Сад – си ги убиле двете деца, па скокнале од висококатница
Според последните информации, брачната двојка (на 23 и на 25-годишна возраст) од Нови Сад, која се самоуби во петокот вечерта скокајќи од висококатница, прво си ги убила децата, дознава порталот „Нова С“.
Во Петроварадин пронајдени тела на момче и девојче, на возраст од 1 и од 3 години.
Се уште не е познато како се случила оваа трагедија, истрагата е во тек. Според неофицијални информации, младиот брачен пар живеел во Петроварадин.
Двајцата станари со кои разговарале од српски Телеграф, од кои едниот живее на најгорните катови, рекле дека двајцата млади не се од оваа зграда, а излезот на покривот е скршен и вандализиран.
Третиот сосед рекол дека бил на пат за Белград и се вратил во текот на истрагата.
– Глетката беше застрашувачка, се паркирав во близина на зградата и поминав покрај неа, не очекував ваква глетка, не можев да спијам синоќа. Страшно е, моите деца се на таа возраст, се ми помина низ паметот. Станарите велат дека не знаат како двајцата млади влегле во зградата, бидејќи вратите се заклучени, а во зградата не слушнале ниту забава, ниту нешто друго – изјавил тој.