Страшна сообраќајка синоќа во Скопје

Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.

Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб.

Екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош интервенираа за спасување на возачот кој бил заглавен во возилото.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на денешниот ден.