Страшна несреќа во Индија, најмалку 30 лица загинаа во судир на возови

Најмалку 30 луѓе загинаа, а 179 се хоспитализирани кога патнички воз излета од шините по судир со товарен воз во Индија.

Воз кој сообраќал од Калкута кон Ченаи излетал од шините и паднал на спротивната пруга.

„Речиси 50 амбулантни возила излегоа на терен, а мобилизирани се и голем број автобуси кои ги превезуваат повредените во болниците“ – соопштија надлежните.

Се стравува дека во оваа несреќа животот го загубиле 50-тина лица.