Страшна несреќа во Австралија: Автобус се превртел додека луѓето во него се враќале од свадба, има најмалку десет мртви

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 20 се во болница откако автобус со свадбени гости се урна во долината Хантер, Нов Јужен Велс, Австралија.

Како што е соопштено, истрагата на полицијата се уште е во тек, бидејќи се уште не се познати околностите кои довеле до оваа страшна несреќа.

Возачот на автобусот, 58-годишен маж, е уапсен.

Си-Ен-Ен објави дека гостите се враќале од венчавка која се одржала во винарија, а до несреќата најверојатно дошло кога автобусот се превртел додека се вртел на кружен тек.

Двајца од повредените со хеликоптер се префрлени во болница во Сиднеј поради сериозноста на повредите.