Страшен пожар во Сиднеј, гори седумкатница

Голем пожар во центарот на Сиднеј, целиот град е во чад, а околните улици се затворени.

Како што јавија австралиските медиуми, пожарот започнал на седумкатница во Сари Хилс, во строгиот центар на градот.

Стотици луѓе беа евакуирани, а фасадата на зградата се сруши на тротоарот.

Австралиските медиуми директно го пренесуваа гаснењето на пожарот во Сиднеј.

Полицијата и пожарникарите ги предупредуваат граѓаните да бидат што подалеку од местото на пожарот.

Пожарот избувнал на третиот кат од зградата и се проширил на целата зграда, како што покажуваат фотографиите од воздух.