Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта, пишува „Фокус“.
Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево.
Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, на терен на Серта и Војшанци со изнаоѓање на решение за утре, заеднички со сите ресурси и механизација да се успее во гаснење на пожарот кој деновиве константно се шири во овој дел.