Странските инвестиции во 2024 се 90 отсто реализирани од СДСМ, велат социјалдемократите

Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тоа е одлика на оние кои освен манипулации немаат што да понудат“ соопштија од СДСМ.

СДСМ денеска реагираше на најновите податоци за странските директни инвестиции лани, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека „се кити со туѓи перја“ и дека не престанал да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ.

„Инвестициите во 2024 се резултат на работата на СДСМ и 90% од нив се целосно реализирани или договрени до фаза на реализација од СДСМ. Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тоа е одлика на оние кои освен манипулации немаат што да понудат“ соопштија од СДСМ.