Иако во текот на изборната кампања немав можност да имаме јавно соочување со носителот на листа Оливер Спасовски, бидејќи „машки“ ги избегна дебатите, денеска сме тука и нема каде да се бега и ќе ги соочиме фактите пред целата јавност. Денеска наместо човекот кој што направи огромна штета на Македонија, човекот кој што свесно го блокираше Куманово поради лична суета и политички пресметки, да има доблест, да го послуша гласот на граѓаните и да се повлече од политика, тој е присутен и повторно се обидува да дели памет, иако на сите им е јасно зошто тој е во пратеничко столче. Јас сметам дека немате повеќе кредибилитет да зборувате за она што треба да се прави, бидејќи имавте можност, а ја прокоцкавте и сте најголемо разочарување за македонскиот народ, порача Даниел Стојчевски, пратеник од Движењето ЗНАМ.
Тој наведе неколку од „фактите“ за се што направил министерот со „најголем стаж во едно министерство“.
– Убиство на Мартин Јанушев
– Убиства во Шиша бар
– агресивен пајак – тепач;
– двојно убиство на Рузвелтова;
– Дурмо турс;
– милионски тендери за набавка на патни исправи;
– а, потоа: стотици илјади граѓани небаре во куќен, овојпат во притвор во државата, без
можност да ја напуштат;
– набавка за возила на МВР ;
– тендери за одржување на возила на МВР;
– фотографии со наркобосови и криминалци;
– издавање македонски пасоши на белосветски криминалци;
– исчезнато оружје од депото на МВР
– кражба на масло од канабис;
– командир уапсени со дрога,
– бегства од затвори.
„Впрочем, вашиот изборен резултат во изборната единица два говори за тоа што мислат луѓето за вашата работа и колку го ценат вашиот збор. Така ќе ги третираат и изнесените невистини од собраниската говорница. Спасовски единствено ќе биде запаметен како министер кој додели 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови на нарко картели.
Во време на Спасовски се случи полициски службеник да се “удри” во пајак, се проби полициската акција Планина во која што требаше да бидат уапсени нарко дилерите од Грчец, се случија дури 5 нерасчистени убиства низ скопски улици и локали, мафијашки пресметки на банди во трговски центри, кражби, киднапирања на деца, дојави за бомби низ училиштата, трговски центри, станбени згради и државни институции, кражби на марихуана, кражба на оружје од полициско депо, бегство на криминалции, делење на коруптивни тендери со милионски суми, а се случи и грозоморното убиство на Вања и Панче, каде што се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, доколку Спасовски и службите веднаш реагирале и откриеле додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат.
Во време на министерувањето на Спасовски командири пукаа со оружје и се снимаа и објавуваа на социјалните мрежи, а криминалците од Арачиново наместо во затвор беа во полициски станици, тепаа и бркаа полициски службеници.
Во последниот месец од неговото катастрофално министерување се случи и целосен хаос со вадење на нови патни исправии на граѓаните кои до ден денеска се оставени на минусни температури да чекаат, иако обрасци за подготовка на патни исправи и возачки дозволи нема доволно.
Се случи и скандал од невидени размери со упадот на партиската војска на ДУИ во македонска навигација во време кога контролорите во М-НАВ опслужувале летање, слетување и прелетување на над 40-тина авиони“, изјави, меѓу другото, Стојчевски.