Стојко Стојков – претседателот на партијата „ОМО Илинден-Пирин“ вели дека решението со Бугарија е во големиот притисок кон нашиот источен сосед.
„Бугарија е под голем притисок и тој ќе биде се поголем, бидејќи за разлика од Грција, која што ја блокираше Македонија во време кога на дел од Европа тоа ѝ одговараше да нема ширење, а на друг дел не му беше гајле. Сега е време кога е Европа и САД се силно заинтересирани Македонија да влезе“ – вели Стојков во најновото издание на емисијата „Трилинг“.
Тој е категоричен дека нема да издржи долго бугарската блокада, но македонските власти мора да покажат истрајност и упорност.
Според него, проблемот во дијалогот доаѓа од Софија.