
Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров
-Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража. Во срцето на Ѓорче на локација веднаш наспроти новата општинска зграда ќе ја изградиме првата катна гаража во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 360 до 390 возила, ќе вклучува подземен паркинг кој ќе биде со големина од 1.800 метри квадратни и надземен паркинг со површина од 7.200 метри квадратни.
-Дополнително, овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2.000 метри квадратни.
-Се грижиме за ѓорчепетровци, наоѓаме решенија за проблемите коишто ги имаат. Искуството во изминатите четири години ни покажа дека можеме да најдеме трајни и одржливи решенија. Така ќе продолжиме и во наредниот мандат“, соопштуваат од владејачката партија.