Стојков: Македонците во Бугарија се разочарани од потезите на македонските власти!

„Македонците во Бугарија се револтирани по изјавите на потпретседателката Илијана Јотова среде Охрид која и покрај 16-те пресуди на Судот за човекови права во Стразбург и бројните извештаи на Стејт Департментот на САД, продолжува да го негира постоењето на Македонци во Бугарија“.

Првиот човек на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков во изјава за тв Алва вели дека организацијата на Македонците во Бугарија смета дека ставовите на Јотова се срамни.

„Македонците во Бугарија се разочарани и од потезите на македонските власти“ реагира Стојков.

Тој посочува дека Бугарија отвори два културни центри во Македонија, а во Бугарија има само еден македонски културен центар, кој, според него, последниве години постои само формално.

Стојков вината за ова ја лоцира во сервилноста на македонската Влада и стравот од бугарско вето.

За наводното незнаење на Јотова за постоењето на Македонци во Бугарија, реакција имаше уште вчера од семакедонскиот собор.