Стојковски: Создавањето култура значи вреднување на оние суштински нешта кои културата ја одржуваат жива

Никола Стојковски продуцент и автор на музиката на Fin Project е гостин во најновото издание на Трилинг.

,,Создавање култура значи вреднување на оние суштински нешта кои културата ја одржуваат жива. Отсекогаш Фин Проект во своето постоење се трудел да ги вреднува тие нешта, и да прави спој меѓу различни културно уметнички изрази кои потекнуваат од нашата земја. Овој спој е првпат во нашето творештво, и овој пат преку стихови на нашите великани како  Гоце, Ацо Шопов, Цепенков се потрудивме и мислам дека успеавме да ги потенцираме оние вистински вредности кои промовираат љубов, еднаквост, етика, морал, култура, нешто што мислам дека на секој уметник му е едно од целите зададени а целта е да ги промовита токму тие вредности” – истакна тој.

Според Стојковски, човештвото и културата  секако како дел од него се во сериозно заложништво

,,Мислам дека оној момент да речеме кога политиката ја стави својата шапа врз културата  и можеби попрецизно би можел да се изразам на начин да ја згази со својата штикла културата, секогаш резултира со една културно општествена ерозија, за која сме сведоци не само кај нас, и не само сега, малку подолг временски период, во и воопшто во целиот свет“ вели тој.