Стојанче Јовановски се смееше во судница додека обвинителката читаше како ја малтретирал Ивана

Во воведните зборови, обвинителката цитираше највулгарни зборови и најстрашни закани по животот со кои ѝ се обраќал Јовановски на Ивана додека ја тепал, а таа губела свест.

Во Кривичниот суд Скопје почна судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот во прегратка со нејзината 6-годишна ќерка Катја, но и за семејно насилство и малтретирање.

На 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот упатил и сериозни закани кон оштетената дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.

Во воведните зборови, обвинителката цитираше највулгарни зборови и најстрашни закани по животот со кои ѝ се обраќал Јовановски на Ивана додека ја тепал, а таа губела свест.

Отпочеток до крајот на излагањето на воведните зборови од обвинителката, Јовановски се смееше, мафташе со глава во знак на негодување, а во делот кога обвинителката кажа како настапила смртта со прекин на мозочните и другите витални функции кај Ивана и Катја по падот на бетонот пред висококатницата, тој се наведна на клупата, покривајќи си го ликот.