
Стојанче Јовановски, кој 7 години ја малтретирал сопругата Ивана, останува во притвор уште 8 дена
Кривичниот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство за Стојанче Јовановски, кому му е продолжен притворот за уште 8 дена за истите основи – опасност од бегство и повторување на делото.
Кривичниот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство за Стојанче Јовановски, кому му е продолжен притворот за уште 8 дена за истите основи – опасност од бегство и повторување на делото.
Инаку, Обвинителството поведе постапка и предложи мерка притвор за Јовановски, кој е осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и шестгодишна ќерка Катја.
Според ЈО, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.
Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот.
Јовановски денес не одговараше на прашањата на Скопје 1 дали чувствува вина за тоа што ја малтретирал сопругата.