Стојанче Ангелов: Пожарот во скопски Карпош 4 е ставен под контрола

Пожарот што претпладнево ги зафати бараките, познати како „лепенки“, во скопската населба Карпош 4 е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот што претпладнево ги зафати бараките, познати како „лепенки“, во скопската населба Карпош 4 е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Ангелов.

Од местото на пожарот, поранешен објект на компанијата „Макотекс“ се издигаа густи облаци црн чад, кои беа видливи од повеќе делови на Скопје.

Очевидци раскажуваат дека пламенот за кратко време целосно го зафатил објектот, а низ населбата се ширеше силна миризба на горење.