Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија посочи дека власта нема план за справување со енергетската криза, додавајќи дека од изјавата на советникот за енергетика во владата на Димитар Ковачевски, може да се забележи дека грејната сезона треба да започне за 12 дена, а власта се уште не знае ниту од каде а ниту по кој цена ќе набави гас.
Власта нема план. Можеме да видиме дека во моментот се потребни 250 милиони кубни метри на гас кои што во моментот ние ги немаме, а за 11 до 12 дена треба да започне грејната сезона, а согласно правилникот кој што е усвоен ако просечната дневната температура три дена по ред биде под 14 степени веќе во моментот треба да биде пуштено греењето. Јас го проследив внимателно пресот на овој кој што му е советник на Ковачевски за енергетика, човекот вели нема потреба наредните 12 дена скопјани да се греат, така ние гледаме по временска прогноза. Кога го прашаа по која цена и од каде, човекот не знаеше да одговори заради тоа што сега го прават како влада и се растрчани и коленичат во земјите од регионот треба да го прават за наредната година, а пред 8 месеци кога ние апелиравме дека треба да го направат тие се смееја, рече Стојаноски.