Стотици нелегални мигранти за време на викендот пристигнале на грчките острови Гавдос и Крит
Над 430 мигранти биле спасени вчера наутро во близина на малиот грчки остров Гавдос, што е само еден од многуте случаи на нелегални мигранти што во текот на викендот пристигнале во Грција, а според државната телевизија ЕРТ за три дена биле спасени околу 1.500 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Спасените над 430 мигранти кај Гавдос биле пренесени на Крит, каде што во текот на вчерашниот ден биле откриени и три чамци со над 160 лица.
Во изминатиот период зголемени се мигрантските бранови од Либија кон јужна Грција, а официјална Атина притиска да се спречи воспоставување на нова јужна рута.
Мигрантското прашање беше една од темите за кои вчера шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис разговараше со фелдмаршалот Калифа Хафтар на нивната средба во Бенгази.