Стотици луѓе можеа да се видат на погребот на младиот ром во Солун кој беше застрелан од полицаец

Стотици луѓе можеа да се видат на погребот на младиот ром во Солун.Тој го изгуби својот живот,откако беше застрелан од полицијата за време на потера пред една недела поради неплатена сметка на бензиска пумпа.

Лекарите ссе обидоа да го спасат животот на 16-годишно момче со тешка повреда на главата во болница во Солун. Тој на 5 декември беше застрелан од полицаец кој го бркаше со мотор бидејќи тинејџерот наполнил пикап со гориво на бензинска пумпа и заминал без да плати сметка од 20 евра.

Случајот предизвика протести од ромската заедница ширум Грција. Претставници на заедницата и некои членови на семејството на убиеното момче ги молеа граѓаните да останат смирени.

Полицаецот (34), кој призна дека пукал, е суспендиран и се наоѓа во домашен притвор .Полицаецот го чека судење за кривично дело убиство од небрежност и недозволено пукање од оружје.

Министерот за заштита на граѓаните Такис ​​Теодорикакос на Твитер објави дека е „длабоко тажен поради смртта на момчето“ и изрази сочувство.

„Повторувам дека овој случај го истражува судскиот систем кој е единствен надлежен да ги оценува фактите и судиската одговорност. Сите да го почитуваме тоа“, објави министерот.