Стотина македонски војници и два хеликоптери МИ 8/17 ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Неготинско

По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на армијата за справување со пожарите во реонот на Неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата.

„Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта“ се вели во соопштението.

Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно, се дополнува во соопштението од АРМ.