Столтенберг: Украина нема да може да се приклучи на НАТО се додека трае војната

Украина нема да може да се приклучи на НАТО се додека трае војната, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавуваат агенциите. Ова шефот на НАТО го кажа на настан организиран од германскиот Маршалов фонд на САД во Брисел.

„Мислам дека сите сфатија дека, да се стане членка среде војна, не е на агендата“, рече Столтенберг, пренесува Ројтерс.
Во контекст на ова, тој додал дека прашањето е што ќе се случува кога ќе заврши војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, се очекува, како што претходно беше највено, лично да присуствува на следниот самит на НАТО кој треба да се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус.

Украинскиот претседател неодамна изјави дека престојниот самит може да биде вистински момент за политичка одлука во врска со членството на неговата земја во Алијансата.