Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина.
Тој потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија.
Рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и помогнат на нејзиното основно право на одбрана, но повтори дека основната задача на воената Алијанса е да ги брани и заштити членките на НАТО.
Со огледа на тоа што Украина не е членка, Алијансата не испраќа војници во земјата, иако го зголемува своето воено присуство во соседните земји кои се членки на НАТО.