Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.
„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.