Столтенберг: Русија е под голем притисок во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четвртокот изјави дека Русија е под голем притисок во Украина откако Москва нареди повлекување на војниците од јужниот град Херсон.

Говорејќи по средбата со италијанскиот премиер Џорџа Мелони, Столтенберг рече дека НАТО во наредните денови ќе набљудува дали Русите навистина се повлекле од западниот брег на реката Днепар.

„Она што е јасно е дека Русија е под голем притисок и ако го напуштат Херсон, тоа ќе биде уште една победа за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите по разговорот со италијанскиот премиер.

Тој додаде дека НАТО ќе ја поддржува Украина „се додека е потребно“.

„Невидената поддршка што ја дадоа сојузниците на НАТО, вклучително и Италија, прави разлика на бојното поле секој ден и останува критична за напредокот на Украина“, изјави тој за новинарите.

Мелони, која ја презеде функцијата премиер на Италија минатиот месец, рече дека нејзината влада останува посветена на одбраната на „територијалниот интегритет, суверенитет и слободата на Украина“.