Столтенберг не гарантира дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО
Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО изјави дека е неизвесно дали воената алијанса ќе може да го надмине противењето на Турција за членство на Финска и Шведска. Тој во интервју за „Политико“ рече дека на НАТО му е потребна поддршка од сите 30 членки за да прифати нова земја.
„Имаме систем каде што се засноваме на консензус, на тој начин ги донесуваме одлуките во НАТО, тогаш често ќе има ситуација кога еден или неколку сојузници не се согласуваат со останатите, а потоа треба да ги надминеме. Стокхолм и Хелсинки „аплицираа пред не толку многу недели, а мојата цел е сè уште да се осигурам дека тие ќе можат да ни се придружат наскоро. Не можам да гарантирам, но велам дека тоа е сепак мојата цел“ рече Столтенберг.
За Турција рече дека има клучна улога во борбата против тероризмот.
„Значи, кога тие ќе покренат загриженост, се разбира, ние мора да седнеме и потоа да ги решиме тие грижи. И токму за тоа сега се консултираме. И тогаш се надевам дека можеме да најдеме решение за да им дозволиме на Финска и Шведска да станат членки што е можно поскоро“ – рече генералниот секретар на Алијансата.