Столтенберг на средба со Вучиќ, тема е северот на Косово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и српскиот претседател Александар Вучиќ денес се сретнаа во Брисел за да разговараат за состојбата на Косово. Пред средбата тие дадоа изјави за медиумите.

Столтенберг му се обрати на српскиот претседател и рече дека Србија е долгогодишен партнер на НАТО.

„Многу е важно да се намалат тензиите и ги повикувам двете страни да се воздржат од насилство. Дијалогот треба да се рестартира. Србија е долгорочен партнер на НАТО и со нетрпение ја очекувам нашата средба“, рече Столтенберг.

Српскиот претседател Вучиќ му се заблагодари на Столтенберг што сакал да ја слушне српската страна.

„Многу сум загрижен за ситуацијата на Косово. Ова секој ден станува се поопасно“, изјави Вучиќ.

Тој побара од Столтенберг НАТО да ја обезбеди безбедност за сите Срби на Косово.

„Ја спомнавте ситуацијата на северот на Косово и Метохија, но ние на тоа гледаме поинаку. Се што се случи е поради лошиот пристап на Приштина, затоа што сакаа да ги исклучат Србите од владата. Во исто време апсат српски граѓаните на различни начини и не само што ги малтретираат, што е многу загрижувачко за нашата страна, тие веќе ги апсат без разлика каде живеат. До сега сме имале професионален однос со силите на КФОР и НАТО и се надевам дека ќе продолжиме да го правиме тоа и дека вашата мисија ќе биде остварена во согласност со резолуцијата 1244 на Обединетите нации“, рече Вучиќ.