Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји.
„Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“ – рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори.
Полскиот парламент денеска усвои декларација за поддршка на политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја суверена земја да одлучува за својата иднина, отфрлајќи ги обидите за повторно создавање сфери на влијание во Европа.
Полскиот претседател Анджеј Дуда го повика светот да ја запре Русија и да спречи Киев и другите украински градови да ја доживеат судбината на Варшава, која беше речиси целосно уништена од нацистите на крајот на Втората светска војна.
„Украина ја брани демократијата, слободата и чесниот свет. Путин, предизвикувајќи ја оваа војна, се повика на наследството на Советскиот Сојуз. Она што Русија го прави во Украина покажува дека таа сè уште е империја на злото, дека никогаш не заминала во историјата и сега го покажува своето најлошо лице“ – рече полскиот претседател.