Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина ако Русија изврши инвазија

„НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија“. Ова го изјави денеска генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.

Тој вели дека „немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина… Се фокусираме на давање поддршка“.

„Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа“ – рече Столтенберг.