„НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија“. Ова го изјави денеска генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
Тој вели дека „немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина… Се фокусираме на давање поддршка“.
„Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа“ – рече Столтенберг.