Столтенберг: НАТО мора да продолжи да ја снабдува Украина со опрема и муниција
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека Советот на НАТО за Украина денеска разговарал за ситуацијата на фронтот, како и за продолжување на воената помош за Киев.
„Советот НАТО-Украина се состана за да разговара за развојот на ситуацијата на бојното поле и приоритетните потреби на Украина. Сојузниците силно ја осудуваат ескалацијата на руските воздушни напади во Украина“, рече Столтенберг на платформата Х.
Тој нагласи дека НАТО мора да продолжи да ја снабдува Украина со опрема и муниција што и се потребни за одбрана.
Средбата се одржа на барање на Киев.