„Цивилите мора да можат да се евакуираат безбедно од Украина“ изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција со претседателот на Летонија Егилс Левитс, пренесува ДПА.
Шефот на Алијансата изјави дека се „тотално неприфатливи“ извештаите за напади врз цивили во Украина.
„Нападот на цивили е воено злосторство“ – рече Столтенберг.